Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата

Micko Toshkovski.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од главните приоритети на неговата Влада. Тој нагласи дека ќе одржи важна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со цел да се адресираат овие значајни прашања.

„Испраќам јасна порака. Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот кој ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето“, нагласи премиерот Мицкоски.

Оваа иницијатива на Мицкоски е дел од пошироките напори на Владата за подобрување на правниот систем и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

Можете да прочитате

Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава 

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони