Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Би прифатиле уставни измени по примерот на Хрватска – еден народ и останатите малцинства

Мицкоски: Никој не доби мандат за да менува Устав
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ако власта смета дека формулата за успех за уставни измени е по примерот на Хрватска каде државата е на еден народ и останатите малцинства, ВМРО-ДПМНЕ одма тоа ќе го прифати, рече лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски одговарајќи како ги коментираат тезите дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници.

dobivaj vesti na viber

„Па не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според преамбулата во хрватскиот Устав, еве јас сум подготвен ако е тоа формулата за успех уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе, еве ако сакаат уште утре да ја отвориме преамбулата на македонскиот Устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк само да не се каат после тоа, да не речат некои други етнички заедници, па да речат, а не било баш така како што они кажуваат. Инаку ако сакаат еве според преамбулата во хрватскиот Устав веднаш, не знам дали ја прочитале, не знам дали виделе или така на памет само си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ одма прифаќаме, таква уставна измена прифаќаме“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен