Утрински Весник
Магазин

Ќе се скејта во Парк на Светскиот ден на скејтбордингот 

Go skate day.jpg

По повод Меѓународниот ден на скејтбордингот, на 21 јуни во Скопје ќе се одржи скејтбординг настан кој ќе ги обедини скејтерите и љубителите на урбаната култура за ден исполнет со возење, дружење и креативни трикови.

Настанот ќе се одржи во Градскиот парк, кај фонтаната „Лотус”, на плочникот пред споменикот на Гоце Делчев – една од најпознатите и најпосетени локации за скејтбординг во главниот град. Програмата вклучува натпревар со награден фонд од 200 евра, кој ќе биде распределен за најдобрите и најкреативните изведби.


Целта на настанот е да се одбележи Денот на скејтбордингот и да се придонесе кон понатамошен развој и заживување на локалната скејт сцена, како и поттикнување на младите да се вклучат во оваа урбана спортска култура. 

Настанот е поддржан од DropIn, XMKD, Синдикат и Кантина, кои активно придонесуваат кон промоција на скејт културата и создавање подобри услови за домашните скејтери. Меѓународниот ден на скејтбордингот се одбележува секоја година на 21 јуни и е инициран во 2004 година од страна на Меѓународната асоцијација на скејтборд компании (IASC), со цел да се промовира спортот, да се обединат скејтерите и да се поттикне користењето на јавниот простор преку слободно и креативно движење.

Во Скопје, овој ден традиционално се одбележува со заеднички возења и настани низ градот, во организација на локалната скејт заедница.

Можете да прочитате

Buketi.mk – нова онлајн платформа за достава на цвеќе во Скопје

Уште една потврда на светскиот квалитет навината на „Тиквеш”: 21 нова меѓународна награда

Дневен хороскоп за 16 Јуни 2026 година