Утрински Весник
Спорт

Полувреме: Сити-Ливерпул 1:1

Полувреме: Сити-Ливерпул 1:1

Манчестер сити и Ливерпул на „Етихад“ го играат дербито на колото од Премиер лигата, резултатото по првото полувреме е 1:1.

dobivaj vesti na viber

Манчестер сити доминираше од самиот почеток, Ливерпул се определи да напаѓа од контранапади. Една таква контра реализираше Салах во 17.минута. Египќанецот го постигна 12. гол сезонава и вкупно 130. во Премиер лигата.

И покрај примениот гол, Сити продолжи да доминира и да игра на половината на противникот. Таквиот пристап им овозможи да го изедначат резултатот во 27.минута. Течната акција, Марез-Гундоган-Грилиш со гол за заврши Хулијан АЛварез.

Спорен мемент за кој ќе се дебатира се случи во 34. минута кога Родри, кој веќе имаше жолт картон, го повлече Гакпо, гостите веднаш го опколија судијата Купер и побараа втора јавна опомена, но Шпанецот остана на теренот.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија