Утрински Весник
Скопје

Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Центар

Poster 2026.jpg

Во Паркот на Франкофонија, во сабота, 27 јуни, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација  „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026″, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам.

На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија.


Посетителите ќе имаат можност да разгледаат уникатни примероци на мотоцикли во повеќе категории, уметнички дела , односно цртежи изработени на самите мотоцикли, а ќе бидат доделени и награди (вредносни ваучери од спонзори) за најдобрите примероци на мотоцикли во различни класи.

Програмата ќе биде збогатена и со настапите на блуз и рок групите In The Mood & Band, Eruption и Saigon.

„Ги поканувам сите граѓани, а пред сè љубителите на моторите и моторџиската култура, да го посетат овој атрактивен настан и да се препуштат на едно посебно искуство на дружење, добра музика и уметност. Општина Центар продолжува да поддржува манифестации кои ја збогатуваат разновидната културна понуда и го прават Центар препознатливо место за квалитетни содржини”, порача градоначалникот на Општина Центар  Горан Герасимовски.

Можете да прочитате

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Продолжува бесплатното одлагање кабаст отпад во Центарот за селекција во Карпош

Меџити: Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ ќе создаде нова културна традиција во Скопје