Утрински Весник
Македонија

Се вози по мокри коловози, намалена видливост на патот Куманово – Страцин

Magla Avtopat.webp.webp

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На патниот правец Куманово – Страцин поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За потсетување, од 15.11.2026 година започнa законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. 

Можете да прочитате

Најмасовен напад со дронови врз Русија од почетокот на војната, 462 летаа кон Москва

Дожд и заладување денеска, вечерва можен снег и во Скопје

Со нож и се заканил додека пиела кафе во Тетово, и ја грабнал ташната и избегал