Утрински Весник
Скопје

Меџити: Започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”

Img 4169.jpeg

Од денес започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”, иницијатива на Општина Чаир која има за цел да прерасне во традиционална годишна манифестација и еден од најзначајните културни настани во Скопје.

На прес-конференцијата, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со уметничките директорки Инва Мула и Дешира Ахмети-Керлиу, министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, претседателката на Комисијата за култура Саранда Имери Стафаи, директорот на фестивалот Авни Ќаили, директорот на Албанскиот театар Исмет Рамадани и директорот на КИЦ, Имер Реџепи, ги претставија визијата и значењето на фестивалот за културниот живот на градот.

„Нашата цел е Фестивалот ‘Чаршија’ да прерасне во традиционална годишна манифестација и еден од културните настани по кои Скопје ќе биде препознатливо. Во текот на четири вечери, Куршумли ан и Сули ан ќе ги спојат историјата и музиката, пречекувајќи реномирани уметници од земјата и светот,” изјави Меџити.

По прес-конференцијата, учесниците ги посетија Куршумли ан и Сули ан, каде што ќе се одржуваат фестивалските вечери со програма која опфаќа класична музика, опера, фламенко и корчански серенади.

Меџити ги повика граѓаните да бидат дел од Меѓународниот музички фестивал „Чаршија” и заедно да го одбележат почетокот на една нова културна традиција за Чаир и Скопје.

Можете да прочитате

Општина Аеродром со повик до граѓаните да ги пријават штетите од невремето

Герасимовски: Не е време за политикантство туку за итни мерки и работа на терен, обезбедуваме финансиска поддршка за штетите од невремето

Следуваат инспекции на објектите чии кровови летнаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штетите