Утрински Весник
Македонија

Малолетник се опил до бесвест, кривична за сопственик на локал во Охрид

Ohrid.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете”.

При контрола во објектот на улица „Партизанска” во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 – годишен малолетник од Охрид на кого му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде побаран документ за идентификација и утврдување на возраста. По консумирањето на алкохолот, малолетникот  паднал во бессознание, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол