Утрински Весник
Скопје

Меџити: Улицата „Фаик Коница” во Дижон доби сосема нов лик

Izet mexhiti2.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Во рамките на проектот на улицата „Фаик Коница” целосно е реконструирана водоводната мрежа, изградена е фекалната канализација, а извршено е и асфалтирањето на улицата, со што целосно е заокружена оваа инфраструктурна инвестиција.

„Целосно е завршена реконструкцијата на водоводната и фекалната канализациска мрежа. Извршено е и асфалтирањето на улицата. Секое ветување го исполнуваме. Секој проект го реализираме!”, изјави Меџити.

Општина Чаир останува посветена на реализација на развојни проекти во секое маало, со фокус на инвестиции што ја подобруваат инфраструктурата и го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост