Утрински Весник
Македонија

Левица: Илинден и АСНОМ носат иста визија – револуционерната искра не смее да згасне

Img 3702.jpeg

Соопштение за јавност на Левица:

Делегација на Левица, предводена од пратеникот Борислав Крмов, заедно со членовите на Централниот комитет Катерина Јовановска и Андреа Јанков, положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец” и пред споменикот на Никола Карев во Скопје.

Македонската историја е една непрекината револуционерна борба. Илинденската револуционерна искра продолжи да живее низ Народноослободителната борба, обединета околу идејата – народот сам да биде творец на својата судбина. Тој историски континуитет го создадоа генерации револуционери, партизани, работници, селани, младинци, антифашисти, кои не се помирија со состојбата и слободата не ја добија на тацна, туку ја изборија со сопствените животи.

Најголемата опасност денес е прекинувањето на историскиот континуитет што ги поврзува двата Илиндена. Народ што ќе дозволи да му се избрише истпријата и меморијата, лесно ќе се помири и со одземањето на својата иднина. Државноста не е еднаш освоена категорија, туку постојана обврска што бара историска свест, политичка храброст и подготвеност повторно и повторно да се брани она што претходните генерации го избориле.

Можете да прочитате

Четиригодишно девојче од Берово голтнало капсула за перење алишта

Полицаец пукал во кафеана од службениот пиштол

Малолетник со мопед удрил пешак во Скопје