Утрински Весник
Македонија

Меџити: Балансерот, со одлука, ќе се унапреди во Закон за правична застапеност и запазување на квалитетот при вработување

Izet Medziti.jpg

Заедничка заложба околу балансерот, освен етничката застапеност, е да има и квалитет при изборот. Балансерот, со одлука, ќе се унапреди во Закон за правична застапеност и запазување на квалитетот при вработување, рече Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Реално, во минатото заради партиските вработувања бил запоставен квалитетот на администрацијата и од една и од другата заедница и затоа цело време се бара да се реформира администрацијата и да биде достојна за новите предизвици, за евроинтеграција. Механизмот на балансерот кој во почетокот имаше ефект за правичната застапеност на помалите заедници на ниво на републиката, исто и за Македонците на ниво на општините. Во минатите години имаше доста случаи во кои балансерот не беше во функција на правична застапеност, туку на злоупотреба на ова и продлабочување на дискриминацијата. Бидејќи имаше случаи во кои Македонци се изјаснуваа како Албанци или како Турци. Или Албанците како помали заедници во зависност од тоа што се бараше за работното место. Но, тоа се однесуваше само до вработување. Потоа тој пак беше Албанец или Македонец, па сега заеднички заклучивме дека балансерот не е во функција на тоа што бил воведен како механизам“, изјави Меџити.

Балансерот, како што рече нема да се укине туку со одлука, ќе се унапреди во Закон за правична застапеност и запазување на квалитетот при вработување.

Можете да прочитате

ИЈЗ со препораки како да се разладиме на екстремна топлина

Општина Кисела Вода: Со цистерни се перат улиците

Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори” и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора