Утрински Весник
Македонија

„Маршот на ангелите“ одложен поради празникот Водици

Kocaniprotesti.jpeg

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ ја информира јавноста дека „Маршот на ангелите“, кој беше закажан за сабота, 17 јануари 2026 година, нема да се одржи.

Како што наведуваат од здружението, одлуката за одложување е донесена од почит кон големиот православен празник Водици (Богојавление), период кога верниците духовно се собираат, се осветува водата и се потсетуваат на значењето на Божјата благодат.

„Во духот на празникот, деновите пред Водици ги посветуваме на тивка молитва, смирение и внатрешен мир — за нашите ангели, за здравје во сите семејства и за сите кои чекорат со нас“, се наведува во соопштението.

Од здружението истакнуваат дека целта на оваа одлука е да се покаже почит кон духовната традиција и верските обичаи, со надеж дека Божјата милост ќе биде со сите.

Можете да прочитате

Речиси 12.000 Македонци работеле во Хрватска лани, најмногу во туризмот и градежништвото

Седница на партиското Собрание на Алијанса за Албанците

Поради сообраќајка блокиран сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, кај м.в.„Св.Петка“