Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Нова поддршка од ЕУ за побрз и полесен процес на преговори

Маричиќ: Нова поддршка од ЕУ за побрз и полесен процес на преговори
Ss2

Самиот процес на преговори бара градење на нашите институционални и административни капацитети, но и реализација на планот за реформи, рече заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ на првиот состанок во пресрет на почетокот на новиот проект „Поддршка за реформи на политики, пристапување и ефективност (SUPRAE)“, финансиран од Европската Унија, на кој присуствуваше и шефот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин.

dobivaj vesti na viber

Маричиќ ја потенцираше важноста на ЕУ проектите во спроведувањето на реформите и ја изрази неговата благодарност за поддршката од страна на ЕУ во процесот на преговори со ЕУ.

300x250 (7)

„ Убеден сум дека спроведувањето на овој проект ќе го направи процесот на пристапување подобро рационализиран, а резултатите очекувам да дадат јасна стратешка рамка со добро дефинирани цели и задачи, како на национално така и на секторско ниво, рече Маричиќ.

Според Маричиќ, проектот SUPRAE е еден од најважните активни проекти во Секретаријатот за европски прашања кој во следните три години спроведување ќе обезбеди поддршка во процесот на пристапување на земјата, не само за Секретаријатот за европски прашања, туку и за сите релевантните институции во овој процес.

Проектот ќе се фокусира на спроведување на 3 компоненти, и тоа: Зајакнување на стратешкото планирање, известување и комуникација, воспоставување на стратешка, методолошка и оперативна рамка за процесот на пристапување и унапредување на програмирањето, користењето и проценката на ЕУ фондовите од страна на надлежните институции.

Сите три компоненти на проектот подразбираат поддршка за програми за обука, регрутирање, подигање на јавната свест и комуникација што треба да придонесе за подобро разбирање на јавноста за улогата на ЕУ и процесот на пристапување во целина, дигитализација на одредени аспекти од преговарачкиот процес и подобро управување со фондовите на ЕУ. Сето ова треба да биде од корист и за Секретаријатот и за сите институции и државни службеници вклучени во процесот на пристапување, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор