Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Најдобриот модел за развој на нашата држава е ЕУ

Screenshot 2024 04 30 130118.png

Јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ сака да избега од темата, од уставни измени од темата Бугарија, посочи вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за Слободен печат.

„Јас знам дека е непријатна и тешка тема за сите нас, но ние мора да понудиме одговор а прашањето како ова држава натаму ќе се развива. Кој е моделот за развој? Јас сум убеден дека најдобриот модел за развој на нашата држава е ЕУ. Дека ниту една партија тоа не го оспорува, исто така е точно, меѓутоа не е доволна само реторичката поддршка. ЕУ е механизам како ние да станеме подобро општество и држава”, порача Маричиќ.

Според него тој процес е тежок, но носи придобивки за граѓаните и државата.

,,Тоа е тежок процес и јас не велам дека само СДСМ може и само СДСМ има право, но само СДСМ се бори во моментов и само СДСМ упорно ја става оваа тема на маса и мислам ако ВМРО-ДПМНЕ и сите други партии имаат искрена желба нешто да направат, паралелно мора да течат и реформите и добрососедските односи и сето она што значи односи со ЕУ”, кажа Маричиќ во интервју за Слободен печат.

Можете да прочитате

Кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино за продажба на марихуана и кокаин

Таравари: Наредна недела ќе има договор за нова влада

Палевски бара адвокат и ќе биде спроведен на распит во Кривичниот суд