Утрински Весник
Свет

Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите

20240430114905 Big 730x400 56.webp.webp

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цакна ја обвини Русија за кршење на меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите во естонскиот воздушен простор.

-Попречувањето на ЏПС во естонскиот воздушен простор од страна на Русија се одрази на цивилната авијација во нашиот регион. Русија со тоа ги прекршува меѓународните регулативи, напишала Чакна на Х.

Тој додаде дека Естонија за овој проблем ќе разговара во рамките на НАТО и Европската унија, а веќе разговарала и со властите на Летонија, Литванија, Финска и Шведска. 

Можете да прочитате

Кинезите објавија бесплатен модел на вештачка интелигенција кој хакира заштитени мрежи без никакви проблеми

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати