Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Гласот за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните увидоа дека улогата на ЗНАМ е да се помогне на ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго

Bo An Marichi .jpg

„Ако ги погледме програмите на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ во суштина тоа е една иста понуда. Пред неколку дена нивната коалиција беше јавно обзнанета со тоа што лидерот на ЗНАМ даде јавна поддршка на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска-Давкова“ рече кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во емисијата „24 отворено“.

Тој додаде дека СДСМ е единствената социјалдемократска опција на политичката сцена и единствената лева прогресивна опција.

„Гласот за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните кои сакаат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ не им требаат посредни политички субјекти. Затоа сум сигурен дека они кои поверуваа дека се менува некаква боја или нова нијанса се додава, се уверија дека улогата на ЗНАМ е да помогне на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт и ништо друго“ рече Маричиќ.

Тој кажа дека добро е граѓаните да знаат за кого ќе гласаат и токму затоа истакнува дека гласот за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, а гласот за СДСМ е глас за левицата.

Можете да прочитате

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење