Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Img 4517 2.jpeg

Прес-конференцијата Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

16 жртви во Ласкарци, укината пресуда.


14 жртви во Модуларната болница, нема обвинение. Случај Мазут, вреден 167 милиони евра, запрена истрага.

Ова не е случајност. Ова е правосудниот систем на поставен од СДС и ДУИ кој и денес ги штити нивните луѓе и интереси.

СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа последната линија на одбрана на системот што го создаваа со години.

Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска и Африм Фидани се дел од малкумината судии и обвинители кои грчевито ги штитат од одговорност поранешните функционери на СДС и ДУИ.

Кога треба да одговара некој од нивниот круг, предметите се развлекуваат, истрагите се затвораат, а пресудите паѓаат.

Тоа е причината зошто граѓаните не му веруваат на правосудството.

Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури.

Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ.

Времето на недопирливите мора да заврши. Одговорност мора да има за секого.

Можете да прочитате

(Фото) По 13 години чекање, се подготвува отворање на патот од Водно до Сончев Град

Во двор во Струмица пронајдени коски што наликуваат на човечки

Ангелов по приведувањето на советникот во ДЗС: Пријавувајте ако ви бараат пари