Утрински Весник
Македонија

Малолетник украл Мерцедес во Тетово

No .webp.webp

Ноќеска (1 февруари) околу 2 часот и 45 минути на улица „ЈНА” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, кој претходно од паркинг на улица „Димо Гавровски-Кара” во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот Н.Е. од тетовска Стримница.

Возилото е пронајдено на улица „Мирче Ацев” во Тетово, извршен е увид и вратено му е на сопственикот.

Кај малолетникот, исто така, биле пронајдени и одземени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

Можете да прочитате

Насилен упад во „Инфомакс“ нападнати во живо за време на емисија

Томовски најави нов авион, нов саем и жичница до Водно

Зимзоленд работи без дозвола, институциите си ја префрлаат топката!