Утрински Весник
Македонија

Дурмиши од Баку: Северна Македонија е производствена и извозна платформа за европските и регионалните пазари

Whatsapp image 2026 09 25 at 12.06.00 scaled.jpeg

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши учествуваше на Вториот Азербејџански меѓународен инвестициски форум – AIIF 2026, на панелот „Rebuilding Trust in a Fragmented World: Azerbaijan as a Strategic Gateway Between Regions“.

Дурмиши истакна дека во услови на глобална економска и геополитичка неизвесност, Северна Македонија го гради економскиот раст преку инвестиции, структурни реформи, енергетска сигурност и продлабочување на регионалната и европската интеграција.


„Во време на глобална неизвесност не треба да се повлекуваме од инвестицискиот циклус. Напротив, треба да продолжиме со инвестиции во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата, човечкиот капитал и производствените капацитети“, порача Дурмиши.

Тој пред инвеститорите ги истакна географската положба на земјата на Коридорите 8 и 10, индустриските зони, развиената автомобилска индустрија и пристапот до повеќе од 650 милиони потрошувачи преку трговските договори.

„Не гледајте на Северна Македонија само како на мал домашен пазар. Гледајте на неа како на производствена, извозна и регионална платформа“, истакна министерот.

Можете да прочитате

Тошковски: „Безбеден град” во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Кривична за три лица, организирале борба со кучиња

Филипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашање