Утрински Весник
Македонија

Малолетник од Лозово го нападнал татка си, па кршел по дома и оштетил возила

Policija 2.jpg

Малолетник го нападнал својот татко и ја кршел покуќнината вчера во семејната куќа во Лозово.

„На 13 септември во 15.00 часот во Полициската станица Свети Николе, Х.С.(54) од село Беќирлија, општина Лозово, пријавил дека во семејната куќа бил физички нападнат од неговиот малолетен син, кој притоа кршел дел од покуќнината, а потоа во дворот од семејната куќа оштетил едно патничко и едно товарно возило“, соопшти МВР во дневниот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев

СДСМ: Полицијата денеска е понижена од страна на власта

Дожд, грмежи, силен ветер и Сахарска прашина ја зафаќаат Македонија