Утрински Весник
Македонија

Малолетник на мотор настрада во сообраќајка во Струмица

Motor soobrakajka.jpg

На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска” во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500″ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Можете да прочитате

Студено утро, релативно топло преку ден

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие