Утрински Весник
Македонија

Средба на Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

1 image 2026 08 11 at 13.10.54.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Соговорниците разговараа за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно унапредување на односите, со посебен фокус на политичката и економската соработка.

Беше нагласено дека, во време на зголемени безбедносни предизвици и ризици, американско-македонското стратешко партнерство, безбедносната соработка и сојузништвото во НАТО се од особено значење за стабилноста и безбедноста.

На средбата беше потврдена заемната посветеност на натамошно продлабочување на билатералната соработка и унапредување на пријателските односи, при што беше поздравена и неодамна одржаната втора сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ

Тетовец лажнo ги обвинил своите баба и дедо дека му украле над 50.000 евра

Малолетник на мотор настрада во сообраќајка во Струмица