Утрински Весник
Македонија

Малолетници фатени како пустошат шума

Малолетници фатени како пустошат шума

Приведени се три лица за пустошење на шума на планината Беласица.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, се работи за Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко.

Тројцата вчера биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума.

Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица – Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Денеска три астрономски спектакли – ќе бидат видливи и од Македонија

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ВО СКОПЈЕ: Западнонилската треска се шири, пет пациенти во тешка состојба

Од утре освежување со пороен дожд, грмежи и локално невреме