Утрински Весник
Свет

Малолетничка по потекло од Црна Гора планирала да убива „неверници“ во Грац

Policija Avstrija.jpg

Девојче (14) по потекло од Црна Гора е осомничено дека сакало да изврши напад во Грац, а при претресот на нејзината куќа истражителите пронашле оружје и ужасни фотографии и видеа од обезглавувања. Таа, како што се наведува, имала една цел: да ги убие сите неверници. Според полицијата, девојката веќе купила оружје како секира, нож и облека за по случаен избор да нападне луѓе во Грац. Таа испрати слики од нејзините планови за напад на истомисленици преку апликацијата Телеграм. Нападот требало да биде „насочен кон неверниците“, а планот вклучувал случајно убиство на „луѓе облечени во црно“ и убивање „што е можно повеќе“. Австриската полиција не знае точно кога било планирано да се изврши нападот, но се сигурни дека нападот ќе се случел. „Претпоставуваме дека тоа беше неизбежно“, рече портпаролот на полицијата Фриц Грундинг.
Девојчето е родено во Црна Гора и живее во Грац, но сè уште нема австриско државјанство. Претресот на куќата е извршен по наредба на јавниот обвинител во Грац, а на лице место е пронајдено оружје и облека, по што девојката е уапсена. При распитот девојката не признала што планира, а на сослушувањето присуствувале и нејзините родители кои наводно не знаеле за страшните планови на нивната ќерка.

Можете да прочитате

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор

Русија погоди уште еден важен мост во Киев

Масовни протести во Шпанија поради продлабочувањето на станбената криза