Утрински Весник
Свет

Макрон: Г-20 треба да постигне согласност за поканата за Путин

Makron.webp.webp

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера дека земјите-членки на Г-20 мора претходно да се договорат пред да го поканат рускиот претседател Владимир Путин да Самитот на групата во Бразил во ноември.

-Поентата на овој клуб е дека треба да има консензус со другите 19 земји. Ова ќе биде работа за бразилската дипломатија. Ако таков состанок може да биде корисен, тогаш треба да се одржи, истакна Макрон на заедничката прес-конференција во Бразил со неговиот колега Луис Инасио Лула да Силва.

Бразил, актуелниот претседавач со групата Г20, која сочинува 80 проценти од светската економија, е против напорите предводени од САД да се изолира и казни Русија за нејзината инвазија врз Украина, тврдејќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и западните земји имаат вина за војната.

Путин не присуствуваше на минатогодишниот Самит на Г-20 во главниот град на Индија, Делхи, избегнувајќи можна политичка цензура и ризик од притвор по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во септември 2023 година, Лула изјави „нема шанси“ Путин да биде уапсен доколку присуствува на Самитот во Рио де Жанеиро. Набргу потоа, тој се обрати и изјави дека одлуката за евентуалното апсење на Путин ќе ја донесе судскиот систем, а не неговата влада.

Можете да прочитате

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа  

Пожар во Калифорнија, уништени повеќе од 130 згради, 13. најголем во историјата на државата

Газа: За четири дена борби околу Кан Јунис раселени 180.000 луѓе