Утрински Весник
Скопје

(Видео/Фото) Денеска се отвора Џевахир Мол во Аеродром

Cd6a8a2c 9cee 4a6c B4a4 09243c7709d8.jpg

Денеска се отвора трговскиот центар Џевахир Мал Скопје во Општина Аеродром. Отворањето на Џевахир Мол Скопје ќе биде одбележано со музичка програма под мотото „Аеродром пулсира“ на која ќе настапат ДНК, Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители ќе се дружат со Стела и Сани. Програмата започнува во 18:00 часот.

Турскиот бренд за детска облека „Панчо“, водечкиот турски бренд за мажи „Луфиан“, првиот изложбен салон за автомобили на „Гили“, хипермаркетот Кит-Го, Синсеј, ДеФакто, ДМ, Сара Фешн, Просветно дело, Playground игротека за најмладите, Франк Урбан кафе и Бабилон кафе се дел од брендовите коишто Џевахир Мол Скопје ќе ги понуди за посетителите.

Џевахир Мол ќе биде домаќин и на првата „Concept Room“ галерија во трговски центар, простор наменет за творење и изложбена галерија за локалните уметници.

Можете да прочитате

Нов паркинг во Кисела Вода

Во средните училишта “Боро Петрушевски” и “Цветан Димов” пуштени во употреба сензорни соби за учениците со попреченост

ЈСП Скопје утре ќе вози по неделен распоред