Утрински Весник
Свет

Макрон: Егзекуцијата на британско-иранскиот државјанин е грозоморен и варварски чин

Макрон: Егзекуцијата на британско-иранскиот државјанин е грозоморен и варварски чин

Егзекуцијата на британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари е грозоморен и варварски чин, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

dobivaj vesti na viber

Тој изрази солидарност со Британија, која ја осуди егзекуцијата, и покрај повиците од таа земја и од САД да го ослободат Акбари (61), откако беше осуден на смрт под обвинение за шпионирање за Британија, објави Ројтерс.

Во аудио снимката што ја емитуваше Би-Би-Си во средата, Акбари рече дека ги признал злосторствата што не ги извршил откако бил мачен.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица, 3.300 се повредени