Утрински Весник
Економија

Најнапредните хуманоидни роботи во светот доаѓаат во Скопје на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026

Humanoid robots.jpg

Некои од најнапредните хуманоидни роботи во светот доаѓаат на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 во Скопје, заедно со словенечката технолошка компанија Hiproject. Посетителите ќе имаат ретка можност да видат модели што се меѓу првите од ваков вид во Европа, а воедно и да дознаат како Hiproject веќе развива и воведува хуманоидни роботи во реални работни средини — во индустријата, логистиката, фармацевтската индустрија, здравството, туризмот и други сектори.

Ова е само дел од многуте активности кои не очекуваат на меѓународните саеми ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и Саемот на недвижности 2026, под мотото „Вклучи одржливи навики”,  а кои ќе се одржат во период од 29 до 31 октомври 2026 година, во T Арена во Скопје.


Два настани на едно место кои ќе ја претвори престолнината во центар на иновации, енергетика, технологија, недвижности и паметни решенија за иднината.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најновите решенија од областа на роботиката, автоматизацијата, обновливите извори на енергија, циркуларната економија, дигиталната трансформација и одржливиот развој. Саемот ќе ги обедини компаниите, институциите, експертите, стартапите и младите иноватори на изложбена површина од над 2.500 m².

Паралелно ќе се одржи и РЕАЛ ЕКСПО 2026, специјализиран саем за недвижности, на кој ќе се претстават градежни компании, инвеститори, агенции и професионалци од секторот со актуелни понуди, инвестициски проекти и развојни иницијативи од Македонија и регионот.

Покрај изложбениот дел, посетителите ќе можат да следат стручни презентации, панел-дискусии, промоции на нови производи и услуги, деловни средби и активности за вмрежување. Работното време на саемите ќе биде од 10:30 до 18:30 часот во текот на сите три дена.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе бидат место каде што се среќаваат роботиката, иновациите, бизнисот и иднината.

Можете да прочитате

Битиќи: Државата им должи 694 милиони евра на компаниите, а власта дополнително ја намалува поддршката за стопанството

Пат што поврзува региони и пазари: Економските придобивки од Коридорот 8

Димитриеска-Кочоска: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата