Утрински Весник
Македонија

Македонските граѓани нема да можат да патуваат за Грција во наредните денови

Hzksygiqcnevjl9ni1j3.jpg

Регионалниот центар за гранични работи – Југ ја известува јавноста дека поради штрајк на грчката царина во наредните неколку денови ќе има привремено затворање на граничните премини од грчка страна.  
Граничниот премин Меџитлија- Ники од грчка страна ќе биде привремено затворен за секаков вид на сообраќај во периодот од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024. Граничниот премин Стар Дојран од грчка страна ќе биде затворен од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024. На овој граничен премин влез/излез во Р.Грција ќе можат да остварат само возила кои вршат транспорт на лекови и други медицински возила. Граничниот премин Богородица ќе биде целосно затворен за секаков вид на сообраќај од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница