Утрински Весник
Македонија

Македонските државјани во подрачјата зафатени од пожарите во Грција да се обратат ако имаат потреба од помош, повика МНР

Mnr.jpg

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до нашите државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

-Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти, информира МНРиНТ, кое, како што наведува во соопштението, со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Во сообраќајна несреќа во струмичко загина 19 годишна девојка, сопатничка на мотоцикл

Тепачка во скопско село, тројца приведени