Утрински Весник
Спорт

Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

D188d0b0d185d0bed0b2d181d0bad0b8d0bed182 D0bad0bbd183d0b1 D0b0d0bbd0bad0b0d0bbd0bed0b8d0b4 D183d187d0b5d181d182d0b2d183 63dd80675fe46.jpeg

Во сабота, на 15 јуни во Градскиот парк во Скопје, на Школка, се одбележува стогодишниот јубилеј од постоењето на Светската шаховска организација(ФИДЕ).

Со симболично поставување на 100 шаховски табли и Македонија се приклучува во одбележувањето на овој вековен јубилеј. Секој посетител кој ќе дојде во Градски Парк на 15 јуни ќе има можност да изигра партија шах и биде дел од настанот кој ветува одлични партии шах, многу музика, подароци и забава.

Дел од оваа шаховска сензација ќе бидат реномирани имиња од светот на шахот, со кои и децата и возрасните ќе можат да се сретнат на црно-белата табла.

Британскиот шаховски велемајстор и директор за развој на шахот на ФИДЕ, Најџел Шорт ќе допатува во Македонија и заедно со велемајсторите Антоанета Стефанова, Петар Арнаудов ќе се дружат и запознаат со нашите домашни шахисти и љубители на шахот.

Македонската шаховска федерација го организира одбележувањето на стогодишниот ФИДЕ јубилеј со поддршка од УНИ БАНКА, под мотото „100 години шах-вистинскиот потег е со УНИ банка”.

Шаховската Федерација на Македонија е членка на ФИДЕ од 1991 година. Федерацијата има организирано голем број на европски шаховски турнири, а минатата година ФИДЕ ни ја довери честа да го организираме Светското Екипно Првенство за Сениори над 50 и над 65 години. Македонските шаховски репрезентации учествувале на сите Шаховски Олимпијади организирани под покровителство на ФИДЕ.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига