Утрински Весник
Култура

Македонската асоцијација на кинематограферите на фестивалот „БалКам“ во Љубљана

Македонската асоцијација на кинематограферите на фестивалот „БалКам“ во Љубљана
Ss2

На иницијатива на Словенечката и на Македонската асоцијација на кинематограферите, од 18 до 20 јануари во Кинотеката на Словенија во Љубљана, се одржува третото издание на фестивалот „БалКам“ (Балканска камера“), на кој се прикажуваат филмови од поранешните југословенски републики со акцент на кинематограферската работа и кинематограферите како автори.

dobivaj vesti na viber

На фестивалот свое учество зедоа и Македонската асоцијација на кинематограферите – МАК при Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), најстарото релевантно стручно здружение од областа на филмското производство и другите аудиовизуелни медиуми, чии цели се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци, кои дејствуваат на територијата на Македонија и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура во нашата земја.

300x250 (7)

Македонската асоцијација на кинематограферите оваа година ќе учествува со филмови што се снимени во Македонија од македонски кинематографери и поддржани од Агенцијата за филм на РС Македонија.

Проекциите на МАК почнуваат на 19 јануари (15 часот) со краткометражниот игран филм „Северен Пол“ од кинематограферот Владимир Самоиловски. Следниот ден, 20 јануари (19 часот), ќе бидат прикажани долгометражниот игран филм „Мими“ на кинематограферот Дејан Димески и студентскиот краток игран филм „Прогестерор“ на кинематограферот Димитар Атанасоски од ФДУ – Скопје, чија проекција е закажана за 15 часот. Последниот филм со кој ќе се претстави Македонската асоцијација на кинематограферите е „Тетовирање“, на кинематограферот Мишо Самоловски, а ќе биде прикажан на 22 јануари (недела), со почеток во 15 часот, во рамките на програмата „Филмска легенда“.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“