Утрински Весник
Македонија

Македонска премиера на документарецот „Приказната за Силјан“

Prikaznata za siljan.webp.webp

Вечерва во Македонскиот народен театар со почеток во 20:30 часот ќе се одржи македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска, македонски кандидат за Оскар. На премиерата ќе присуствува целата филмска екипа, чија работа ја прослави Македонија на меѓународни фестивали и го привлече вниманието на National Geographic.

Филмот има освоено награди и номинации на фестивалите во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и други. „Приказната за Силјан“ го прикажува животот на земјоделецот Никола, кој случајно наоѓа ранет бел штрк и решава да му помогне. Нивниот кревок однос со доверба постепено се претвора во спасоносна врска, која ја враќа смислата во животот на Никола, ги обновува врските со заедницата и буди старите преданија кон природата.

Можете да прочитате

ГРОМ: Предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за двојно државјанство на пратеници е евтин популизам

Со изборот на Ристоски МРТ станува банкомат на ДПМНЕ, велат од Левица

На Ургентен донесен уште еден повреден работник од несреќата во Кисела Вода