Утрински Весник
Македонија

Македонија во портокалова фаза: Жешко до 39 степени, потоа дожд, силен ветер и град

Img 2663.jpeg

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави метеоаларм за утре, 27 август, при што одредени делови од Македонија ќе бидат во портокалова фаза поради високите температури.

Според прогнозата, утре времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Најтопло се очекува да биде во Скопје и Демир Капија, каде температурата ќе достигне до 39 степени. Во Гевгелија се прогнозираат до 38, а во Велес и Штип до 37 степени.

Промена на временската состојба се очекува за време на викендот. Претпладне ќе преовладува сончево и топло време, додека во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите може да бидат поинтензивни и во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

На почетокот од следната седмица се очекува стабилизирање на времето, но температурите и понатаму ќе останат високи.

Можете да прочитате

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот