Утрински Весник
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ОВОЈ ВИКЕНД: Температурите ќе бидат во позначителен пораст, очекуваме 38 степени

Topol Bran Meteoalarm.mk .png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Македонија за време на овој викенд ќе биде под влијание на топол бран кој продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а утре од променлив правец.

Претежно сончево и топло време ќе имаме  и во Скопскиот регион. И таму ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Денес максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, додека утре тие ќе бидат уште малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Во Скопје температурата овој викенд ќе се искачува во интервалот помеѓу 33  и 35 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и овој викенд тој ќе има коефициент помеѓу 8 и 9.

Можете да прочитате

Никој не сака да ја менува компресорската станица во Клинички центар

До петок сончево и многу топло, за викендот дожд и пад на температурите

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје: Комуналниот отпад во општина Аеродром се собира редовно