Утрински Весник
Магазин

Македонија ќе учествува на детската Евровизија

Detska Evrovizija.jpg

Македонската радио телевизија“ објави повик за аудиција на вокален интерпретатор кој ќе нѐ претставува на Детската Евровизија што во ноември ќе се одржи во Мадрид, Шпанија.

– Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу девет и 14 години на денот на финалната манифестација, 16 ноември, пишува во повикот.

Најавено е аудицијата да се одржи на 19 јуни, а пријавувањето е отворено заклучно со 17 јуни. Сите кандидати треба да се државјани на Република Северна Македонија или да имаат регулиран престој во државава.

Нашата држава, лани во Франција ја претставуваше Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“.

Можете да прочитате

Алмодовар: Уметниците имаат морална должност да зборуваат за политичките прашања

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него