Утрински Весник
Балкан

Курти тврди дека има соработка со Османи и дека разликите не се непремостиви

Kurti 1.webp.webp

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека има блиска соработка со претседателката Вјоса Османи, дека имаат разлики кои, според него, не се непремостливи.

Зборувајќи за несогласувањата што неодамна се појавија во јавноста во нивните односи, Курти рече дека понекогаш има дискусии и несогласувања со претседателот на Собранието Глаук Коњувца и министерката за надворешни работи Доника Гервала, но, како што нагласи, не верува дека тие се несовладливи.

Зборувајќи за мерките против Косово што Европската унија ги воведе пред една година, тој оцени дека доцнењето со отстранувањето на тие мерки е поврзано со изборите за новиот Европски парламент, дека тоа не зависи од Косово, пренесе Бета.

Можете да прочитате

Туристички агенции во Србија почнаа да наплаќаат доплати за гориво на патниците кои веќе уплатиле аранжмани

Ужас на влез во Турција: Автобус без контрола усмртил две а повредил 16 лица

Едно лице загина по експлозија на бомба во Сплит