Утрински Весник
Македонија

Македон освои два златни медали на Германската математичка олимпијада

Image 2026 05 03 170450606.png

Младиот македонски математичар Македон Димитровски оствари импресивен резултат на Германската математичка олимпијада, каде што освои два златни медала и се најде меѓу најуспешните натпреварувачи на престижниот меѓународен собир.

Димитровски златото го освои во индивидуалната конкуренција по математика, како и во посебниот математички предизвик, со што дополнително го потврди својот исклучителен талент.

Како признание за неговиот настап, тој беше вклучен и во престижната група лауреати – статус што им припаѓа само на натпреварувачите со највисоки достигнувања на олимпијадата.

Информацијата за успехот ја сподели неговиот татко Владимир Димитровски, кој истакна дека станува збор за резултат што е плод на талент, труд и посветеност.

„Со своите блескави резултати, Македон беше прогласен и во престижната група на лауреати — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите. Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена. Честитки, Македон! Ти си наша гордост, инспирација и вистински шампион“, напиша тој.

Можете да прочитате

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Владата ќе организира трибина „Темел на државноста- визија за иднината” во чест на Гоце Делчев

Навивач паднал од трибина на стадионот во Гостивар