Утрински Весник
Свет

Двајца американски војници исчезнати по годишната вежба во Мароко

20260503155100 big 730x400 44.webp.webp

Двајца американски воени лица исчезнаа во југозападен Мароко откако учествуваа во годишна мултинационална воена вежба во земјата, а по нив е започната потрага, објави денеска Африканската команда на САД (Африком). Се наведува дека војниците исчезнале во близина на градот Тан Тан, објави Гардијан.

САД, Мароко и други земји кои учествуваат во вежбата „Африкански лав“ започнаа операција за пребарување и спасување. „Инцидентот е под истрага и операцијата за пребарување е во тек“, се додава во соопштението.


Воената вежба започна во април и се спроведува во четири земји, вклучувајќи ги Тунис, Гана и Сенегал, а треба да заврши на почетокот на мај. Инцидентот се случил вчера, во близина на полигонот Кап Дра, веднаш до Атлантскиот Океан.

Вежбата „Африкански лав“, која се организира од 2004 година, е најголемата заедничка вежба на американската војска на континентот, а обично учествуваат високи воени претставници од САД и нивните најважни африкански сојузници. Според американските воени претставници, вежбата служи како можност за зајакнување на регионалната безбедносна соработка и подготвеноста на силите на земјите учеснички за глобални кризи.

Можете да прочитате

ОПЕК се согласи на умерено зголемување на производството на нафта по излегувањето на ОАЕ

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари

Возило полно со експлозив удри во спортски клуб во Портланд