Утрински Весник
Спорт

Мајстор – Суарез погоди во 90.минута

Мајстор – Суарез погоди во 90.минута

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез продолжува да блеска во дресот на бразилски Гремио.

dobivaj vesti na viber

Во натпреварот од второто коло, во шампионатот Гаучо, тој постигна гол за победа во 90.минута, во дуелот со Бразил де Пелотас.

По првите 45 минути немаше голови, а патот до победата му беше „отворен“ на Гремио во 48. минута кога гостинскиот играч Роне доби директен црвен картон.

Гремио напаѓаше, беше подобриот тим, но не успеваше да го скрши отпорот на гостите и да постигне гол. Во 90.минута Суарез потсети на своите најдобри денови и успеа да го совлада противничкиот голман.

Суарез беше стрелец и на последниот натпревар на Гремио, во победата од 2:1 против Касиљас, а претходно постигна хет-трик на своето официјално деби за овој клуб.

 

Можете да прочитате

Раул Гарсија ја завршува својата фудбалска кариера

Надал го потврди настапот во Барселона: Сакам да си дадам шанса

Влезниците за Македонија – Фарски Острови се продаваат по 200 и 300 денари