Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожар во висококатница во Чикаго, едно лице загина, шест се повредени

(Видео) Пожар во висококатница во Чикаго, едно лице загина, шест се повредени

Едно лице загина, а шест се повредени откако избувна пожар во висока станбена зграда во Чикаго.

dobivaj vesti na viber

Починатото лице е пронајдено во станот каде според претпоставките на пожарникарите избувнал пожарот, пренесува АП.

На снимката која се појави на социјалните мрежи, на неколку катови се гледаат светло портокалови пламени.

Најмалку девет ката се чини дека се оштетени во пожарот.

Пожарот избувнал на 15-ти кат, а нешто по 10 часот по локално време се проширил на 24-от кат од зградата.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 300 пожарникари, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија