Утрински Весник
Свет

Мајка си ги убила децата: мислела дека се зомби опседнати од мрачни духови

Мајка си ги убила децата: мислела дека се зомби опседнати од мрачни духови

Членката на култот на Судниот ден, Лори Волоу Дејбел, е обвинета дека ги убила својот 7-годишен син и 17-годишната ќерка затоа што мислела дека се зомби. Сепак, како што пренесуваат медиумите, доколку Дејбел биде прогласена за виновна, таа нема да биде погубена.

dobivaj vesti na viber

„Мирор“ објави дека обвинителите побарале смртна казна за Дејбел опишувајќи ги нејзините злосторства како „особено грозоморни, ѕверски и сурови“ и дека мајката покажала „целосно непочитување на човечкиот живот“, но судијата Стивен Бојс одлучил дека нема да биде погубена ако биде осудена.

Одлуката дојде откога адвокатскиот тим на мајката поднесе жалба за отфрлање на смртната казна велејќи дека медиумското покривање на случајот од страна на судијата може да ја наруши одлуката на поротата.

Тие исто така тврдеа дека обвинетата има ментална болест. Пријателите и роднините на Лори Дебел тврдат дека таа ги убила своите деца затоа што таа и нејзиниот сопруг Чад верувале дека децата се зомби опседнати од мрачни духови. Откако си ги убила децата, Дејбел побегнала со својот сопруг, водачот на култот на Судниот ден, на Хаваи, каде што подоцна била уапсена.

Телата на децата биле пронајдени закопани на семејниот имот во руралниот дел на Ајдахо, завиткани во пластика и залепени со селотејп.

Можете да прочитате

Вархеји: Следната ЕК ќе биде Комисија за проширување, ЕУ наскоро ќе има нови членки 

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји

Јордански министер: Нетанјаху се обидува да го префрли фокусот од Газа на конфликтот со Иран