Утрински Весник
Спорт

Арсенал налето го купува Ноа Окафор

Арсенал налето го купува Ноа Окафор

Арсенал се бори за шампионскиот трофеј во Премиерлигата, но веќе работи и на својот летен избор на засилувања. И покрај тоа што тимот се претстави брилијантно оваа сезона под водство на Микел Артета, шпанскиот стратег верува дека има позиции каде неговиот тим треба да се засили, а една од нив е нападот. Затоа, тој посакува да го доведе талентираниот напаѓач на Салцбург, Ноа Окафор.

dobivaj vesti na viber

22-годишниот Швајцарец ја игра четвртата сезона во Салцбург и досега за австрискиот тим на 108 натпревари постигна 34 гола и забележа 23 асистенции.

Артета моментално ги има Габриел Жесус и Еди Нкетија на врвот на нападот, но сака да има друга опција за да ја зголеми конкуренцијата, а исто така да избегне и ситуации како оваа сезона кога остана без можности во нападот поради повредите на двајцата главни играчи. Артета има можност да го врати и Фоларин Балогун, кој остави одличен впечаток во Реимс, каде игра како позајмен фудбалер.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали