Утрински Весник
Свет

Маќеа од САД како казна ставила аутистично дете во ладна гаража, тоа починало

Маќеа од САД како казна ставила аутистично дете во ладна гаража, тоа починало

Маќеата од Лонг Ајленд во петокот беше прогласена за виновна за убиство на 8-годишно момче кое премрзна до смрт во јануари 2020 година. Анџела Полина (45) беше прогласена за виновна по сите точки од обвинението за убиство од втор степен и четири точки од обвинението за загрозување на благосостојбата за смртта на Томас Валве.

dobivaj vesti na viber

Томас почина еден ден откако ја помина ноќта во гаражата на семејната куќа на температури кои паднаа под минус 6 Целзиусови степени. Следниот ден, Мајкл Валва, таткото на момчето и поранешен свршеник на Полина, се јавил на 911 и рекол дека Томас паднал на патот додека чекал автобус. Но, температурата на телото на детето била 24,4 степени кога било донесено во локалната болница.

Мајкл Валва, кој работеше во њујоршката полиција од 2005 година, беше прогласен за виновен за убиство од втор степен и четири точки од обвинението за загрозување на деца. Тој е осуден на 25 години затвор. Томас и неговиот постар брат Ентони (10) поминале 16 часа во незагреана гаража како казна за мокрење и нужда во куќата, објави „NBC News“.

Медицинскиот вештак пресудил дека смртта на Томас е убиство бидејќи примарна причина за смртта била хипотермија.

Обвинителите за време на судењето изјавија дека и Томас и Ентони имале пореметување од аутистичниот спектар и дека нивниот татко и маќеа ги казнувале за нивното однесување испраќајќи ги во гаража.

Мајката на починатото момче, Јустина Зубко-Валва, рече дека постојано го предупредувала семејниот суд во округот Сафолк и барала на Валва да и биде одземено старателството над нивните три деца. Не е познато зошто таа не го доби старателството по разводот во 2018 година. Но, сега повторно е наградена со две деца.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран