Утрински Весник
Свет

Маѓар положи заклетва и стана нов унгарски премиер

8924a492 d583 4ff7 90e0 c5a7c6212e11 1.jpg

Новиот премиер Петер Маѓар положи заклетва пред пратениците држејќи го унгарското знаме.

Претходно, во Будимпешта беше конституиран нов парламент по априлските избори, на кои убедливо победи опозициската партија „Тиса“.


Мандатите на пратениците беа верификувани, по што тие положија заклетва пред историските знамиња.

Агнес Форстхофер, потпретседателка на „Тиса“, беше избрана за претседател на парламентот, заедно со уште шест потпретседатели, од кои тројца се од опозицијата.

Во своето прво обраќање, таа најави враќање на достоинството на парламентот, дијалог, транспарентност и отвореност, а нејзината прва одлука беше да го врати знамето на Европската Унија во зградата на парламентот.

Победничката партија организира, како што е наведено, „целодневна народна прослава на промената на системот во Унгарија“ пред парламентот во Будимпешта и на кејот.

На парламентарните избори одржани на 12 април во Унгарија, партијата „Тиса“ освои 141 место, коалицијата „Фидес-КДНП“ – 52, а партијата „Мојата татковина“ 6 места.

Со ова заврши шеснаесетгодишното владеење на Виктор Орбан во Унгарија.

Можете да прочитате

Во Бахреин уапсени над 40 лица поврзани со Иранската револуцеионерна гарда

Песков: Германија оди по многу опасен пат

Фицо присуствуваше на парадата во Москва