Утрински Весник
Македонија

Лога оствари средба со заменик шефот на Мисијата на амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер

Лога оствари средба со заменик шефот на Мисијата на амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер

Уставните измени, ветингот, Изборниот законик, борбата против криминалот и корупцијата, состојбата во затворите, унапредувањето на соработката во делот на реформите во правосудството, беа дел од темите на кои разговараа министерот за правда Кренар Лога и заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер.

dobivaj vesti na viber

Лога го информираше Мејер дека очекува најдоцна до 10 април сите парламентарни партии, вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ да предложат свој член во работната група која ќе ги подготвува уставните измени. Очекувањата се работната група официјално да се формира до средината на месецов.

Во однос на ветингот , Лога повтори дека процесот ќе може да се реализира само со јасна поддршка од САД и ЕУ.

Заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на САД, Ерик Мејер беше информиран и за законите кои се во собраниска процедура, новото законско решение за Академија за судии и јавни обвинители со кој се предлага реорганизација на приемниот испит со цел подобро оспособување на кандидатите за успешно учество во обуките, редефинирање на начинот на полагање на завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите. Се дискутираше и за политички монтираните случаи и последните случувања во КПД Идризово и другите затвори во државава.

Министерот за правда Кренар Лога потенцираше дека САД се голем пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија во сите демократски процеси. Договорено е соработката да се интензивира во наредниот период.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец