Утрински Весник
Свет

Лидерот на Хамас во Појасот Газа бара промени во предложениот договор за прекин на огнот

20240503123251 Big 730x400 23.webp.webp

Лидерот на радикалното палестинско движење „Хамас“ во Појасот Газа, Јахја Синвар, бара промени во предложениот договор за прекин на огнот, за кој сега се водат преговори, јави ДПА.

Синвар продолжува да инсистира на гарантиран крај на војната, па дури и сака писмена обврска за „безусловно прекинување на борбите“, изјави извор близок до Синвар за израелскиот Канал 12. Израел засега го отфрла ова барање.

Тој, исто така, сака Израел да не го спречува враќањето на палестинските затвореници на Западниот брег, кои ќе бидат ослободени во замена за ослободените и држени во заложништво израелски граѓани. Според најновата верзија на договорот за кој се преговара, Израел сака Палестинците ослободени од израелските затвори и осудени на доживотен затвор да бидат испратени во Појасот Газа или во странство.

Лидерот на Хамас во Појасот Газа освен тоа бара и детали за материјалите кои Израел нема да дозволи да бидат доставени до енклавата за нејзина реконструкција.

Египетските посредници со поддршка од САД се обидуваат да постигнат договор за прекин на огнот. Се разговара за 40-дневно примирје и размена на заложници и затвореници.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена