Утрински Весник
Македонија

Меџити: Ќе има влада не со 61 туку со над 70 пратеници, за ВЛЕН бојкот на претседателските избори не е опција

20240503130904 Big 730x400 13.webp.webp

Лидерите на партиите од Коалиција ВРЕДИ денеска на прес-конференција го обвинија ДУИ дека во страв од пораз на изборите сакаат да предизвикаат политичка криза во земјата и го повикаа претседателот на партијата Али Ахмети да одговори дали подготвуваат бојкот на вториот круг од претседателските избори.

-Јавно го прашуваме Али Ахмети дали е вистина дека им наредивте на општинските организации да организираат бојкот на вториот круг од претседателските избори иако се сретнавте со Стево Пендаровски и му ветивте поддршка. Ако ова е вистина кажете и на јавноста зошто не ги бојкотиравте претседателските избори во 2019 г. Што се смени од тогаш, дали стравот од неуспех  ви го заматува видот или по наредба на руските центри на власта сакате да спречите ново парламентарно мнозинство да обезбеди уставни промени во рок од шест месеци по формирањето на новата влада, рече Изет Меџити пртетседател на Демократското движење кое е дел од Коалицијата Вреди.

На новинарско прашање дали ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ тој не одговори директно, но рече дека ќе има промени и нова влада.

-Ние сме фокусирани на промовирање на нашата програма, нашата платформа, на контакти директни со глчасачите интензивно. Но по се изгледа волја на народот е да има промени и ќе има влада не со 61 туку ќе има над 70 пратеници. Ќе има поддршка од повеќето пратеници Албанци и со големо мнозинство со бадентер, рече Меџити.

На реторичко прашање дека сепак нема да имаат и двотретинско мнозинство што е неопходно за усвојување на уставните измени, Меџити вели „ не би рекол“.

Прашан дали ќе ги повикаат нивните гласачи да поддржан еден од двајцата кандидати во трката за претседател, Меџити рече дека е тоа нивно избирачко право и нема да даваат насоки за тоа.

Тој потврди и дека за Коалицијата Вреди бојкотот на изборите не е опција.

-На 8 мај мислам дека излезеноста ќе биде уште поголема бидејќи претседатлските се заедно со парламентарните избори. На бојкот повикуваат тие што го имаат изгубено компасот, рече меѓу другото Меџити. 

Можете да прочитате

Се зголемуваат случаите со голема кашлица, хоспитализирани нови шест случаи

Скопјанка нападната од својот татко

Изгоре дел од туристичкото вовче Гроздоберко во Кавадарци