Утрински Весник
Свет

Лидерите на ЕУ го осудија иранскиот напад врз Израел, апелираат на воздржаност и прекин на огнот

Eu 1 1.jpg
300x250 (7)

Лидерите на институциите на Европската Унија во објави на социјалните мрежи упатија остра осуда на иранските напади врз Израел.

– Остро го осудуваме нападот што Иран го започна врз Израел. Мора да се направи се за да се спречи понатамошна регионална ескалација. Мора да се избегне натамошно крвопролевање, напиша претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во објава на Икс.

Img 5587

Мишел воедно најави дека ЕУ заедно со своите партнери ќе продолжи внимателно да го следи развојот на ситуацијата во регионот на Блискиот Исток.

Белгискиот премиер Александар де Кро, кој е актуелен претседавач со Европскиот совет, исто така Икс наведе дека Иран е познат спонзор на тероризмот и неговиот директен напад врз Израел претставува опасна ескалација на насилството на Блискиот Исток.

– Го осудувам овој голем напад врз Израел и ги повикувам сите страни да покажат воздржаност. Веднаш треба да се постигне итен прекин на огнот, порача Де Кро.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Икс објави дека силно го осудува „бесрамниот и неоправдан“ напад на Иран врз Израел.

– Го повикувам Иран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади. Сите актери сега мора да се воздржат од понатамошна ескалација и да работат на враќање на стабилноста во регионот, додаде Фон дер Лајен во објавата.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел наведе дека Унијата ЕУ силно го осудува „неприфатливиот ирански напад врз Израел“.

– Ова е невидена ескалација и сериозна закана за регионалната безбедност, наведе Борел на Икс.

Со осуда на нападот се приклучи и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.

– Најостро го осудувам нападот на Иран врз Израел. Нападот врз Израел значи напад врз регионот и неговата безбедност. Се молиме за оние кои се нападнати, додаде Вархеји.

Ss1

Можете да прочитате

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето

Германија во страв од немири за време на првомајските протести

Светски економски форум: Вакви нивоа на долг не се забележани уште од времето на Наполеон