Утрински Весник
Свет

Ова се жртвите на напаѓачите од Сиднеј. Мајка на две деца, ќерка на милионер, чувар…

38ba5366 4f99 4f60 9938 99600070caf3.jpg
Img 5587

Напаѓач идентификуван од полицијата како 40-годишниот Џоел Каучи, вчера избоде до смрт шест лица во трговски центар во Сиднеј. Од шестмината убиени, пет се жени. Меѓу жртвите има мајка на две деца, чувар и ќерка на милионер.

Мајката на две деца Џејд Јанг (47) беше членка на Клубот за спасување на животи во сурфање Бронте. “Многу членови на клубот беа погодени од смртта на нашата Џејд. Овој трагичен настан ќе влијае на секој од нас, испратија порака од клубот до членовите денес, како што објави News.com.au.

Ss1

Муслиманската заедница за починатиот 30-годишен чувар соопшти дека тој трагично го загубил животот додека ѝ служел на јавноста. „Фараз Тахир побара засолниште во Австралија пред само една година, бегајќи од прогонот во неговиот роден Пакистан“, се вели во соопштението.

Меѓу жртвите е и ќерката на милионер-претприемач. Дон Синглтон (25) била во трговскиот центар кога Каучи ја избодел до смрт. Работела како асистент за онлајн шопинг во White Fox Boutique, а претходно студирала дигитални и социјални медиуми.

Синглтон оваа година требаше да се омажи за своето момче од детството. Неименувана пријателка изјавила за Дејли Телеграф дека отишла во трговскиот центар да купи шминка за свадба. „Минатата недела купи венчаница“, додаде таа.

„Сакаме да известиме дека бебето е во стабилна состојба по неколкучасовна операција“
Во нападот била убиена и Ешли Гуд (38). Напаѓачот ја избодел и нејзината деветмесечна ќерка, која се здобила со сериозни повреди, но е во стабилна состојба во болница. „Жалиме за загубата на Ешли – прекрасна мајка, ќерка, сестра, партнер, пријател, извонредна личност“, соопшти нејзиното семејство.

„Сакаме да им се заблагодариме на службите за итна помош и на двајцата мажи кои се грижеа за нејзината ќерка кога Ешли загина. Сега треба да се справиме со она што се случи. Би сакале да побараме мир и приватност“, изјави семејството на убиената Ешли Гуд.

Полицијата на Нов Јужен Велс утринава соопшти дека им дава поддршка на роднините на жртвите, дека изгледа дека двете жртви немаат семејство во Австралија и дека се обидуваат да дојдат до нив преку агенции во странство.

Ss1

Можете да прочитате

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето

Германија во страв од немири за време на првомајските протести